Press "Enter" to skip to content

Oбединување на „Профундис“ и „Камерата“ на сцената на Филхармонија

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад ќе одржат заеднички концерт на 19 ноември во 20 часот, во Македонската филхармонија. Под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, двата ансамбли ќе настапат како еден голем музички состав.

Оваа соработка ги обединува искуствата и уметничките капацитети на музичарите, нудејќи поинаква звучна димензија и виртуозна оркестарска изведба. Според Дашиќ, основач на „Профундис“, концертот е можност за истражување на оркестарскиот звук преку заедничко создавање музичка целина.

Програмата опфаќа разновидни дела: „Фантазија на тема од Томас Талис“ (Ралф Вон Вилијамс), „Последен круг“ (Освалдо Голијов), „Свита за гудачки оркестар“ (Стојан Стојков) и „Свита Кармен“ (Жорж Бизе, обработка Родион Шчедрин).

„Профундис“, формиран во 2019 година, е активен камерен состав во Македонија, познат по иновативни концепти и меѓународни настапи. „Камерата Нови Сад“, основан во 1988, е официјален градски камерен оркестар на Нови Сад и прогласен за Оркестар на годината за 2025 според „Музика Класика“.

Билетите се достапни преку МК Тикетс.

Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »
Повеќе во категорија ШоубизнисПовеќе постови во категорија Шоубизнис »

Comments are closed.